Втор рок за аплицирање за Купи куќа, купи стан

Bez autora
Jun 03 2012

Вториот циклус за аплицирање за проектот Купи куќа, купи станн почна вчера. Граѓаните имаат можност во осум банки да бараат кредити за купување стан, изградба на куќа или доградба, за кои државата субвенционира половина од месечната рата во првите пет години од отплатата или половина од учеството. Каматите за овие кредити се пониски од каматите за класичните станбени кредити што ги даваат банките. Ова е добра шанса граѓаните да го искористат јунскиот рок да аплицираат за субвенциониран станбен кредит. На тој начин можат да добијат до 9.900 евра субвенција од Владата за купување на куќа или стан. Во првиот рок за аплицирање што почна во март годинава, беа доделени 50 станбени кредити на граѓани од повеќе градови во државата.

Втор рок за аплицирање за Купи куќа, купи станВториот циклус за аплицирање за проектот Купи куќа, купи станн почна вчера.

Граѓаните имаат можност во осум банки да бараат кредити за купување стан, изградба на куќа или доградба, за кои државата субвенционира половина од месечната рата во првите пет години од отплатата или половина од учеството. Каматите за овие кредити се пониски од каматите за класичните станбени кредити што ги даваат банките.

- Ова е добра шанса граѓаните да го искористат јунскиот рок да аплицираат за субвенциониран станбен кредит. На тој начин можат да добијат до 9.900 евра субвенција од Владата за купување на куќа или стан - стои во соопштението на Министерството за финансии.

Во првиот рок за аплицирање што почна во март годинава, беа доделени 50 станбени кредити на граѓани од повеќе градови во државата. Првото искуство со доделувањето на субвенционираните кредити покажа дека граѓаните се позаинтересирани за моделот половина рата и за подигање ваков кредит за купување стан, а најмногу корисници има во Скопје.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik